Ракометарите на Целје ја остварија првата победа во 5. коло од Лигата на шампионите откако во балканското дерби го совладаа на гостински терен тимот на Загреб со 30:22.
Со овој пораз Загреб останува на последното место во групата со пет порази од пет натпревари, а Целје стигна до првата победа и се искачи едно место на табелата.
Најефикасен во тимот на Загреб беше Алекс Влах со пет гола, а Матеј Хрстиќ постигна три гола. Во тимот на Целје најзаслужни за победата беа Тилен Кодрин и Гал Маргуч со по седум гола, додека Патрик Лебан постигна шест.