Набавката на 100 преносни компјутери со вредност од речиси 1.000 евра по лаптоп не се од буџетски пари, туку се донација и не се за пратениците, туку за собраниските служби, велат за Плусинфо од Собранието.
Набавката на преносните компјутери се дел од програмата за поддршка на Собранието од Швајцарија. Тие се донација и за нив нема да се потрошат буџетски пари. Во цената на лаптопите не е вклучено ДДВ, бидејќи тие се донација. Пратениците имаат лаптопи и ним им следуваат од буџетски пари. Лаптопите се за службите во Собранието, велат од Собранието.