Царовска: Можно е наставниците од дома да држат настава за да не се загрева цела училница за еден наставник

Можно е наставниците да се вратат дома и да држат часови, за да не мора да се загрева цела училница за еден наставник, рече во Кочани министерката за обраозвание и наука Мила Царовска.

„Разговараме со градоначалниците за рационализација на средства, да не се расфрламе со пари за загревање на цела училница за еден наставник и тие пари да може да се искористат во набавка на ИТ-уреди. Кога ќе ја донесеме одлуката ќе ја информираме јавноста“, кажа министерката по посетата на ОУ „Љупчо Сантов“.

Бирото за развој на образованието (БРО) и Државниот просветен инспекторат вчера им препорачаа на наставницте, учениците да ги добијат првите сумарни оценки до 20 ноември, со оглед на тоа што наставата оваа учебна година почна на 1 октомври. Учебната година во земјава се одвива со физичко присуство и онлајн, во зависност од одделението на ученикот и капацитетите на училиштето.

Министерството за образование и наука (МОН) вели дека во случаите каде што од различни причини не може да се формира оценка онлајн, треба да се организираат индивидуални средби со овие ученици, преку наставниците кои ќе ги следат нивните постигнувања и ќе ја формираат оценката.

Треба да знаете
Последни објави