Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа е забележан рекорд од новозразени и 20 починати. Направени со 2.075 тестови.
17 од починатите лица се во Федерацијата БИХ, а три во Република Српска.
Поголемите градови и натаму се најголемите жаришта на инфекцијата, па така во Сараево се регистрирани 147 нови случаи, во Бања Лука – 127 и во Мостар 73 случаи.
Во сараевската Клиника за белодробни болести, која е наменета исклучиво за пациенти кај кои е дијагностициран Covid-19, во моментов има 62 пациенти, а вкупниот капацитет е 100 пациенти. Во Клиничкиот центар во Бања Лука во моментов има 125 заболени, а во мостарскиот Клинички центар се згрижени 42 пациенти со потешки симптоми.
Во цела БиХ во моментов има повеќе од 9.500 активни случаи на заразата со коронавирусот. Досега починало 1.051 лице кај кое е потврдено присуство на Ковид-19.