На овие одлуки им претходеше исцрпен процес на интервјуа и разговори за да се идентификуваат и прифатат соодветни кадровски предлози кои ќе ги исполнат критериумите и обврските што произлегуваат од усвоена владина програма, и кои се пред сѐ стручни и компетентни во областите за кои се именуваат.
Станува збор за еден дел именувани како „вршители на должност”, на позициите на кои претходните директори поднеле оставки, додека за еден дел јавни претпријатија и државни агенции не е извршено именување со оглед на фактот што на актуелните директори им тече тековниот мандат. За сите позиции за кои се назначени в.д. директори ќе следат огласи со цел избор на директори со целосен мандат.
Согласно ова образложение, Владата денеска ги донесе следните одлуки и заклучоци на Комисијата за именување:
Владата констатира дека на директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија му е завршен мандатот и донесе заклучок истиот да не биде продолжен, туку да биде објавен Јавен оглас за именување нов директор на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.
За членови на УО на ЈП за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија Владата ги именува:
– Ветон Мурати (дипломиран економист),
– Владо Неданоски (дипломиран професор по спорт и физичко образование, м-р по безбедносни науки),
– Никола Рилак (дипломиран информатичар),
– Зоран Саздовски (педагошки факултет)
Со изборот на членови на УО на ЈП за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија, Владата заклучи да им препорача на членовите да поведат постапка за разрешување на актуелниот директор Шпенд Хајредини, заради индиции за сериозни нарушувања на повеќе одредби од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, како и заради постапки кои укажуваат на надминување на надлежностите предвидени со Законот за јавни претпријатија.
Владата донесе одлука да му предложи на УО на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта да го разреши актуелниот директор Љујзим Фејзулаи заради неисполнети обврски од програмата за работа и заради слаби резултати и на негово место да го именува Нефрус Челику.
Владата ја констатираше оставката на Иљми Селами од должноста член на Одборот на директори на АД Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, а за член на Одборот на директори на АД Водостопанство на Република Северна Македонија да го избере Васко Стефанов (дипломиран инженер по индустриска логистика и магистрант на Факултетот за Природни и Технички Науки).
За членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, на предлог на организациите регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, Владата ги именуваше:
– Снежана Трпевска за областа „Медиуми и информатичко општество” од Здружението на новинарите на Македонија СкопјеВладата го именуваше Марјан Кицев за член на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, како претставник од репрезентативниот синдикат член на Економско социјалниот совет.
Маја Аргировска, е разрешена од должноста член на Комисијата за одлучување по барањата за зголемување на формираната цена на лек, и на нејзино место ја именуваше Аница Иваноска Стрезовски.
Со одлука на Владата, Слободанка Колевска е разрешена од должноста член на УО на ЈЗУ Општа болница – Струга, на нејзино барање, а за член на нејзино место е именуван Мартин Џутески.
Од должноста в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, денеска е разрешен Арбен Виља, а Дејан Павлески (дипломиран инженер по електротехника), е именуван за в.д. директор на оваа Агенција.
Од должноста член на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој денеска е разрешен Александар Стефановски и поради истек на мандатот на претседателот и 5-те членови на Управниот одбор, за членови Владата ги именуваше:
– Моника Јованова (дипломиран преведувач и толкувач од албански на македонски јазик и обратно), за период од три години;
– Пиштар Љутфиу (м-р од областа на политичките науки), за период од три години;
– Калина Лечевска (доктор на социолошки науки), за период од три години;
– Бранко Ничота (дипломиран Инженер по електротехника), за период од три години;
– Димитрија Анѓелковски, за период од две години;
– Синиша Вељановски (дипломиран правник и м-р по меѓународно право и меѓународни односи со положен правосуден испит) за период од две години; и
– Дритон Зибери, за период од две години.
Владата денеска ја разреши од должноста Славица Тодорова, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, орган во состав на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и го назначи Милутин Станчиќ, професор по македонска и јужнословенска книжевност и српски јазик на Филолошкиот Факултет во Скопје за директор на оваа Управа.
На оваа седница Измит Нура е разрешен од должноста заменик директор на Агенцијата за млади и спорт и за заменик директор е именуван Авни Рустеми.
Аљајдин Хавзиу, е разрешен од должноста директор на Државниот инспекторат за труд и на таа позиција е именувана Јована Тренчевска, дипломиран социолог и м-р по социолошки науки.
Од должноста членови на Управен одбор – претставници на основачот на ДРЖАВЕН УЧЕНИЧКИ ДОМ „КРСТЕ П. МИСИРКОВ” Владата ги разреши Ангелчо Петков и Косте Бојков, а за членови и ги именуваше Ефремчо Николов, Душанка Трајковска и Павле Лукоски.
Владата ја прифати оставката на Билјана Јовановска, и ја разреши од должноста директор на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Скопје, на нејзино барање и го именуваше Абдуш Демири, дипломиран економист за директор на Агенцијата.
Владата ја прифати оставката на Сафет Емрули, и го разреши од должноста директор на Државниот завод за индустриска сопственост, на негово барање и го именуваше Горан Герасимовски, дипломиран социолог и м-р по менаџмент на човечки ресурси за в.д. директор на Државниот завод за индустриска сопственост.
Владата ја прифати оставката на Осман Шукриу и го разреши од должноста заменик на директорот на Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија, на негово барање и го именуваше Измит Нура за заменик на директорот на Агенција за иселеништво.
На денешната седница Фејзула Спахија е разрешен од должноста директор на Државниот инспекторат за животна средина и на оваа должност е именувана – Ана Петровска.
Ремзи Абдулахи е разрешен од должноста заменик – директор на Управата за јавни приходи.
Владата го разреши Анте Поповски од должноста в.д. директор на Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи, и ја именуваше Калтрина Беќири, доктор на стоматологија за вршител на должност директор на Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи.
Владата денеска го именуваше Авдуљ Селам Селами, дипломиран правник за вршител на должност заменик на директорот на Управата за јавни приходи, а Ремзи Абдулахи, дипломиран правник за вршител на должност заменик на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Џезми Салиу е разрешен од должноста директор на Управата за животна средина, и на оваа позиција е именувам Хисен Џемаили, м-р по менаџмент на животна средина за вршител на должност директор на Управата.
Владата на Република Северна Македонија заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација (М – НАВ) АД Скопје, за член на Управниот одбор да го избере Фахрудин Хамиди (м-р по бизнис менаџмент).
Со заклучок од оваа седница на Надзорниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје му е препорачано, од должноста член на Управниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје да го отповика Орхан Муртезани, а за член да го избере Аднан Азизи (дипломиран на Филолошки факултет).