СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Т.П.(57) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „даночно затајување“, по чл.279, во врска со чл.45 од Кривичниот законик.
Имено пријавениот, во периодот од 01.01.2017 до 31.12.2018 во 45 наврати имал реализирано приливи на девизни средства од повеќе физички лица од Индонезија, Кина и Велика Британија, во вкупен износ во денарска противвредност од 3.609.378 денари, по пат на користење на услугите за брз трансфер на пари, а од негова страна во вкупно девет наврати испратени се девизни средства во вкупен износ од 1.810 евра и 3.315 американски долари на лице од странство.
Т.П. со намера да го одбегне плаќањето на персоналниот данок на доход за 2017 и 2018, во износ од 10% од износот од примените парични средства, не ги пријавил како друг доход и не поднел Годишни даночни пријави за персонален данок на доход до УЈП како даночен орган, иако согласно одредбите на член 12 од Законот за персоналниот данок на доход бил должен за овие износи да пресмета и плати персонален данок на доход во вкупен паричен износ од 360.937 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.