Витамин Д – зошто е посебно важно да се прима дополнително

 Според педијатрите посебно важно во зимските месеци е дополнителното внесување на витаминот Д. Покрај недостатокот на сончеви денови, што е извор овој витамин, исто така витаминот Д не е доволно присутен во исхраната и затоа треба да се внесува дополнително. Ова е битно за да се спречат сериозни здравствени последици.

“Доколку не се внесува доволно витамин Д, коските стануваат меки, тенки, и лесно може да дојде до нивно искривување кои во детската возраст е познато како рахит. Кај возрасните, недостатокот на витамин Д доведува до омекнување на коските и остеомалација односно кај старите до остеопороза. Покрај оваа улога во создавање и одржување на здрави коски, витаминот Д има и други функции во регулирање на растот на клетките, невро-мускулната функција како и во имунолошката функција. Секојдневно внесување млеко во препорачани количини доведува до постојано подобрување и одржување на здравјето на коските кај сите независно дали се деца или возрасни. Витаминот Д е важен партнер на калциумот во збогатените млека и јогурти доведувајќи до максимална искористливост на калциумот. Затоа како важен дел од здрава балансирана исхрана се препорачува секојдневно внесување на млеко и јогурт”, додава д-р Ставриќ.

Составот на Битолски јогурт и млеко со 10 витамини е збогатен со витамини меѓу кои и витамин Д3 и минерали кои се клучни при градењето здрав организам, и нивниот состав е избран во совршен сооднос за максимално да придонесат за здрави и цврсти коски, за зајакнување на имунолошкиот систем и воопшто за целиот организам.

 

Треба да знаете
Последни објави