Манчестер сити со победа над Порто (3:1) ја започнаа сезоната во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ славеа над Португалскиот тим со головите на Сехио Агуеро, Илкај Гундоган и Феран Торес. Сенка на победата фрли повредата на Фернандињо.
Искусниот Бразилец на теренот влезе во 85 минута, а го напушти по само осум минути игра.
„Лоши вести. Ја обнови истата повреда. Долго ќе биде отсутен, четири до шест недели“, рекол менаџерот на Сити, Пап Гвардиола.
Фернандињо на листата на повредени играчи кај Сити им се приклучи на Кевин Де Брујне, Габриел Жесус, Нејтан Аке, Емерик Лапорт и Бенжамин Менди.
„Де Бријне и Лапорт започнаа со тренинзите. Ќе видиме дали ќе можат да играат во сабота. Двајца се враќаат, а останавме без еден. Распоредот е густ, ни требаат сите играчи“, рекол Гвардиола.
Манчестер сити, во сабота, ќе гостуваат кај Вест Хем.