Милан со убедлива победа против Селтик на стартот во Лига Европа

Милан го започна своето учество во новото издание од второто по ранг клупско фудбалско натпреаврување Лига Европа со престижна гостинска победа против шкотскиот гигант Селтик со 3:1. „Росонерите” го постигнаа својот прв успех во групата „Х” со головите на Раде Круниќ (14) и Браим Дијаз (42) пред паузата. За домаќините Мохамед Елиунуси беше прецизен во 77-та минута, а на крајот од мечот Хауге го постигна својот прв гол за италијанскиот калчолигаш.

Лидер во групата по првите натпревари е француски Лил, кој како гостин ја победи Спарта Прага со 4:1. Лил и Милан имаат по три бода. Селтик разочара во вториот последователен натпревар, откако пред неколку дена загуби со 0:2 големото дерби на Шкотска со Глазгов Ренџерс.

„Росонерите”, кои се лидери во Серија „А” по нивниот совршен старт од почетокот на сезоната, во понеделник ќе се сретнат со Рома, а следниот четврток ќе играат на „Сан Сиро” против Спарта Прага.

Селтик ќе ги посети Лил за една недела.

Резултати од Лига Европа:

Група „А”:
ЦСКА Софија – Клуж 0:2
Јанг Бојс – Рома 1:2

Група „Б”:
Дандалк – Молде 1:2
Рапид Виена – Арсенал 1:2

Група „Ц”:
Баер Леверкузен – Ница 6:2
Хапоел Бер Шева – Славија Прага 3:1

Група „Д”:
Леч Познањ – Бенфика 2:4
Стандард – Ренџерс 0:2

Група „Е”:
ПАОК – Омонија 1:1
ПСВ Ајндховен – Гранада 1:2

Група „Ф”:
Ријека – Реал Сосиедад 0:1
Наполи – АЗ Алкмар 0:1

Група „Г”:
Лестер – Зорја 3:0
Брага – АЕК 3:0

Група „Х”:
Селтик – Милан 1:3
Спарта Прага – Лил 1:4

Група „И”
Макаби тел Авив – Карабах 1:0
Виљареал – Сиваспор 5:3

Група „Ј”
Лудогорец – Антверп 1:2
Тотенхем – ЛАСК 3:0

Група „К”:
Динамо Загреб – Феенорд 0:0
Волфсбергер – ЦСКА Москва 1:1

Група „Л”:
Хофенхајм – Црвена Звезда 2:0
Слован Либерец – Гент 1:0

Треба да знаете
Последни објави