По повод одбележувањето на „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба”, Владата на Република Северна Македонија утре во 10.30 часот организира положување на свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк, Скопје.
На настанот ќе биде присутна владина делегација составена од заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски, заменик министерот за култура, Седат Сулејмани и националниот координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов.
Истиот ден, на Спомен куќата на Петар Поп Арсов во Богомила, во 11:30 часот владина делегација составена од министерката за култура, Ирена Стефоска и националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозоски ќе положат свежо цвеќе.
Настаните ќе бидат одржани со запазување на протоколите за спречување и заштита од коронавирусот, односно со носење на заштитни маски и одржување на соодветно растојание.