Економско-социјалниот совет денеска ја одржа својата 3-та седница со која што заседаваше претстедателката на ЕСС и министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.
На седницата учествуваа претставници на Владата на Република Северна Македонија и претставници на социјалните партнери членови на ЕСС коишто дадоа свој придонес во дискусијата за точките од дневниот ред.
На денешната седница на ЕСС која денеска се одржа он лајн се дискутираше за новиот предлог Закон за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено економската криза предизвикана од КОВИД 19, односно финансиска помош за работодавачи за исплата на плати на работниците за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.
Притоа беше посочено дека за разлика од претходниот економски пакет, овојпат помошта ќе биде изразна скалесто согласно падот на приходите на компанијата односно од 14.500 до 21.776 денари најмногу месечно по работник, износ кој не може да биде повисок од платата на работникот која ја исплаќа работодавачот за месецот за кој бара финансиска поддршка.
На денешниот состанок на ЕСС беа разгледани поединечно сите членови од новиот предлог Закон, а членовитеона ЕСС имаа можност да дадат свое мислење и оценка.