Усје наскоро ќе добие секундарна фекална канализација

Градежните работи за поставување на секундарна фекална канализација во селото Усје забрзано се одвиваат.

Фекалниот систем го градиме со поставување на профили на цевки Ф500, Ф250 И Ф300, согласно хидротехничките услови за приклучување и конфигурацијата на теренот. Конечно после долги години проблеми поради немањето на систем за одведување на отпадни води, по завршувањето на работните активности подобри услови за живот ќе обезбедиме за околу 1500 жители.

Средства за изградба на канализацијата која ќе се одвива во следните осум месеци ги обезбеди Општина Кисела Вода.

Го исполнуваме ветеното и работиме во интерес на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави