Хоти ќе ја предводи косовската делегација при посетата на Македонија

Утре во 14 часот започнува официјалната посета на делегацијата на Република Косово предводена од премиерот Авдулах Хоти на Република Северна Македонија.

Премиерите Заев и Хоти ќе имаат тет-а-тет средба и официјална средба заедно со делегациите на двете земји, по што ќе следува заедничка прес-конференција, која ќе се одржи во Медија центар со почеток во 15:00 часот.

Треба да знаете
Последни објави