Челзи ќе го праќа Кепа на позајмица во Шпанија

Голманот на Челзи, Кеп Аризабалага може да биде играч на Севиља во зимскиот преоден рок, објави „Естадио Депортиво”.

Според изворот, управата и стручниот штаб на „сините” не се задоволни од играта на 26-годишниот Шпанец на почетокот на сезоната, па затоа ја разгледуваат опцијата за позајмица.

Оваа сезона Кепа има одиграно три натпревари и примено шест голови.

Во прилог на заминувањето на Кепа од Лондон е и активирањето на Петр Чех како резервен голман.

Треба да знаете
Последни објави