Холивудската актерка Џенифер Лоренс настојува да го чува својот личен живот надвор од центарот на вниманието, но таа не се плаши да зборува кога е важно.
Трикратната добитничка на „Златен глобус“ неодамна ја искористи својата платформа да ги поддржи Џо Бајден и Камала Харис за претстојните претседателски избори.
Таа во средата на поткастот Absolutely Not („Апсолутно не“) откри дека порано „била по малку републиканка“, и воедно ја осуди поддршката на претседателот Доналд Трамп на надмоќта на белите.
„Јас пораснав како републиканец. Првиот пат кога гласав, гласав за Џон Мекејн. Јас бев мала републиканка,“ рече таа.
Но, Лоренс додаде дека социјалните проблеми не биле во согласност со нејзините ставови, и со текот на годините, таа ги сменила своите ставови врз основа на работите што ги научила.