Одлуката за напуштање на Собранието од страна на пратеникот Игор Дурловски е негов личен став кој ние го почитуваме, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откако пратеникот на “Коалицијата за Обнова на Македонија“ и носител во изборната единица 5 вечерва преку фејсбук објава соопшти дека го напушта Собранието. Тој меѓу другото како образложение напиша
„Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија“.
-Тоа е личен став на Игор Дурловски кој ние го почитуваме. Како што кажува и самиот, останува верен на Македонија, но и на Коалицијата „За обнова на Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ. Тој, меѓудругото, останува стратешки соработник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, истакнуваат од партијата.