Лидерот на Социјалистича партија на Србија (СПС) и сега веќе поранешен шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ е избран за претседател на Српскиот парламент. Како што најави српскиот претседател Александар Вучиќ, согласно коалицискиот договор со Српската Напредна странка (СНС), Дачиќ на конститутивната седница на собранието попладнево е избран за нов претседател со мнозинство на 226 гласови од присатните пратеници и еден глас против. На седницата не присуствуваа 26 пратеници.
-Ќе барам собранието во идната работата да има меѓусебна толеранција и уважување на политичките разлики.Му благодарам на претседателот Александар Вучиќ на предлогот за мојот избор и за мене како државотворен политичар ова е најголема чест, оти ова е една од највисоките места во власта во државата.Сакам да допринесам на политичкото единство во Србија и да го заштитам угледот на собранието, изјави Дачиќ по стапување на новата функција.
Доаѓајќи на седница на собранието, Дачиќ на новинарите им изјави дека само „политички незнајковци или некој злобен” може да кажа дека сум деградиран”.
Пред да биде избран за претседател на собранието, Дачиќ и ја предаде должноста шеф на дипломатијата на премиерката Ана Брнабиќ, која ќе биде вршител на оваа должност до изборот на новата влада, што се очекува во среда 28 октомври.
Во работа на собранието во наредните денови, по изборот на потпретседателите, се очекува да бидат изгласани измените на законот за Влада, поради воведување на две нови министерска места, а како што најви Вучиќ, во среда се очекува мандатарката Ана Брнабиќ да ја изнесе програмата на новата влада и изборот на новите министри во владата.