Во последните 24 часа, во главниот град на земјава на секој час се заразувале по најмалку 11 лица, покажува статистиката испратена од Министерството за здравство по денешните пребројани новозаразени лица од коронавирусот. Со 272 новозаразени, Скопје се наоѓа убедливо на првото место на листата на завразени лица според градови. Во Скопје од почетокот на пандемијата се евидентирани 10.762 заразени од кои активни се уште 3.174.
Денеска се починати 12 лица од кои седум од Скопје на возраст од 63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64 години. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти од кои од Скопје-71.