Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва ги отфрла обвинувањата што доаѓаат од Вашингтон дека Русија сака да се меша во претседателските избори во САД.
„Обвинувањата се неосновани и неточни. За жал, морам да коментирам вакви работи. Обвинувањата на сметка на Русија се секојдевни, но тие се неосновани, не се засноваат на никакви факти. Тоа е повеќе како собирање политички поени пред изборите“, рече Песков, а пренесе ТАСС.
Освен на сметка на Русија, од САД доаѓаат обвинувања дека Иран исто така сака да влијае врз исходот на претседателските избори закажани за 3 ноември.