Менаџментот на кумановската Општа болница, денеска му додели благодарница на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за заложбата и донациите за јавната здравствена установа во овие услови на пандемија. Надлежните од болницата велат дека заложбите и донациите кои Спасовски ги доделил на болницата придонеле во борбата против Ковид 19.
– Само сплотени и со заеднички сили ќе го победиме овој вирус, порачуваат од кумановската болница.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изрази благодарност до Општа болница Куманово за укажаниот гест, до директорката Снежана Захариева, главната сестра Валентина Стојимировиќ и сите здравствени работници, за нивната истрајност и посветеност кон зачувување на јавното здравје.
-Оваа глобална состојба нè повикува сите на солидарност и поголема општествена одговорност. Само со заеднички сили ќе излеземе како победници против штетните последици од Ковид-19, напиша Спасовски на социјалните мрежи.