Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Гевгелија вчера (21.10) приведоа четири лица и пронајдоа околу четири килограми марихуана, 20 стебла канабис, метамфетамин, лабораторија за производство на масло од канабис.
Околу 16 часот на место викано железнички мост е пронајдена марихуана кај М.Л. (41) и Е.П. (32), кои биле со возило „пежо“. Лицата се приведени , а потоа е извршен претрес на имот на периферијата на Гевгелија, кај Е.С. (44) и Љ.П. (46), од кои М.Л. и Е. П. ја купиле марихуаната. При претресот се пронајдени 20 стебла канабис, поголем број на цветни завршетоци од марихуана, остатоци од стебла канабис…
Пронајдено е околу четири килограми марихуана, метамфетамин, како и масло канабис, како и лабараторија за производство на масло од канабис. Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.