Советникот на Формула 1 тимот Ред Бул, Хелмут Марко го сподели своето мислење за настапите на возачот на Ферари, Себастијан Фетел во сезоната 2020 година.
Кариерата на Себастијан се движи во спирала, сега оваа спирала е насочена надолу. Тој прави премногу грешки, дури и оние што се типични за почетниците. Ова дефинитивно е прашање на психологија. Фетел прави неприродно голем број грешки, одново и одново. Не може да се негира дека тој е, во просек побавен од Леклер за 0,3 секунди во круг. Мислам дека на Себастијан влијаеше ситуацијата со напуштањето на Ферари. Ова не е Фетел што го знаеме. Ова уште еднаш ни покажува колку е важно кога во трките главата не е затната со непотребни мисли, истакна Марко.
Фетел ќе го напушти Ферари на крајот на сезоната 2020 година. Од 2021 година Германецот ќе вози за Астон Мартин.