Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала погоди дел од Херцеговина долж границата со Хрватска нешто после 16 часот.Епицентарот бил на осум километри од Љубушко.
Земјотресот се случил на само пет километри од границата со Хрватска, така што се почувствувал во поголемиот дел од Далмација, објавија медиумите во Сараево и Загреб.