Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан објави дека клупскиот дефанзивец Серхио Рамос ќе учествува во дуелот од 7. коло од Ла Лига против Барселона.
Како и да е, не би го ризикувале здравјето на Рамос. Тој е капитен на тимот и еден од клупските лидери. Сега гледаме позитивна динамика во закрепнувањето, па тој ќе влезе на теренот против Барселона, изјави Зидан за „Марка”.
Рамос се повреди на натпреварот од 6. коло на Шпанското првенство против Кадиз (0:1), поради што го пропушти воведниот натпревар од Лигата на шампионите со Шахтјор (2:3).
Натпреварот Барселона – Реал ќе се игра утре (24 октомври) со почеток во 16 часот.