Со јавно извлекување, во општина Кавадарци беа избрани домаќинствата кои добиваат субвенција за набавка на енергетски ефикасни грејни тела.
Субвенционирањето за купување на енергетски ефикасни грејни тела се случува трета година по ред.
Оваа година беа издвоени милион и двеста илјади денари од буџетот на Oпштината.
Годинава беа поднесени 380 барања за субвенционирање. Субвенцијата изнесува 50 проценти од вредноста на енергетското тело или најмногу до 15 илјади денари.
За се да биде во најдобар ред, општината формираше три комисии од кои една ја подготви целата постапка, друга го спроведе извлекувањето и трета ќе направи проверка на терен. Проверката на лице место ќе утврди дали извлечените кавадарчани, навистина наместиле во своите домови енергетски ефикасни грејни тела.