Ракометарите на Вардар водеа голема битка со Порто во текот на сите 60 минути на вечерашниот меч во СЦ „Јане Сандански“ за да на крајот да останат со половичен успех, бидејќи остинот од Португалија израмнија во последната секунда 25-25.
-Честитки до Порто за добриот меч. Кажавме дека не очекува тежок дуел, дека играат добро седум на шест, се оствари. На крајот немавме среќа да се радуваме, но можеби заслужено освоија бод. Добро ја простудирале нашата игра, голем хендикеп ни беше отсуството на Дизингер. Добро не затворија, добро го затворија нашиот кружен напаѓач. Имавме голем проблем во нападот, одбраната беше коректна. Исто сакам да им честитам на момците кои се вратија од еден изгубен меч и на крајот освоивме еден важен бод за нас, -истакна тренерот Стевче Алушовски.
Сличен став како преводникот на Вардар имаше и искусниот Марко Вујин, по мечот.
-Имавме доста проблеми во нападот, со технички грешки и промашени зицери. Се надеваме тоа ќе го поправиме во наредните натпревари, ремито е најреален резултат. Не бевме на нивото како против Флензбург, тие се одлична екипа кои тоа го користеа низ целото второ полувреме. На крајот можеме да бидеме среќни што земавме бод, сакавме два, ама што е тука е, одиме понатаму -порача Вујин.