Зоран Заев денеска го пречека премиерот на Република Косово, Aвдулах Хоти во рамки на официјалната посета на нашата земја.
Владината делегација на Косово предводена од премиерот Хоти, составена од заменик-претседателот на косовската Влада Дритон Селманај, министерката за надворешни работи и дијаспора Мелиза Харадинај Стубла и амбасадорот на Република Косово во земјата Ѓерѓ Дедај беше пречекана од страна на премиерот Заев, првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за правда Бојан Маричиќ.
Во рамки на посетата премиерите Заев и Хоти реализираа тет-а-тет средба и официјална средба заедно со делегациите на двете земји.