Поранешниот државен секретар Хилари Клинтон, екс-претседателот на Литванија, Далија Грибаускајте и европскиот комеасар Вера Јурова, снимија видео во поддршка на жените на Белорусија.
Снимката е објавена на Телеграм каналот на Светлана Тихановска, која од од меѓународната заедница е призната за победничка на претседателските избори во Белорусија кои се оддржаа на 9 август. Во земјата од летото се одвиаат постојани демонстрации против режимот на повеќедеценискиот диктатор Александар Лукашенко.
-Јас сум со жените на Белорусија, порачува секоја од нив во обраќањето на својот јазик и го повторува тоа на белоруски.
Белоруската опозиција годинава е лауреат на Сахаровската награда за одбрана на демократијата, која ја доби вчера од Европскииот парламент.