Манчестер Јунајтед бара да потпише нов долгорочен договор со играчот за врска Пол Погба, пренесува „ЕСПН”. Но, Британците немаат намера значително да ја зголемат платата на играчот.
Главниот тренер на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, му соопшти на извршниот директор Ед Вудвард за потребата од обновување на договорот со Погба. Функционерот се согласи, но истовремено изјави дека нема да ја зголеми значително платата на играчот според новиот договор.
Вудворд истакна дека во Манчестер јунајтед никој друг нема да добие плата еднаква на платата на Алексис Санчез. Чилеанецот заработуваше 400.000 фунти неделно во Манчестер.
Актуелниот договор на Погба со Манчестер јунајтед трае до јуни 2022 година.