На главниот тренер на Торино, Марко Џампаоло, му се заканува отказ, пренесува „Tuttosport”.
Управата сепак е подготвена да му даде уште една шанса да се докаже, но сака да види позитивни резултати.
Торино ги загуби сите 3 натпревари на почетокот на сезоната во Серија А и е на последното место во поредокот. Доколку во следните неколку кола ситуацијата на тимот не се подобри, управата ќе го разгледа прашањето за разрешување на Џампаоло.
Давиде Никола и Роберто Донадони се сметаат за кандидати за местото нов тренер на Торино.
Вечерва Торино во рамките на 5. коло од Серија А гостува кај Сасуоло.