На претседателската дебата синоќа (петок наутро по централноевропско време) кандидатите Доналд Трамп и Џо Бајден голем дел од времето посветија на борбата со пандемијата на Ковид-19 и меѓународни прашања.
Оваа дискусија на кандидатите е и последна пред изборите , закажани за 3 ноември, и наместо три имаше две дебати – едното телевизиско соочување беше откажано поради позитивниот резултата на Трамп од коронавирус.
За разлика од првата дебата, која беше своевиден „бој без правила”, кога Трамп постојано го прекинуваше својот опонент, дебатата овој пат помина во многу поцивилизирана дискусија – имаше правило за исклучување на микрофоните доколку некој ги нарушува двете минути доделни за одговор и 30-те секунди на реплика, кое што ретко беше употребено.
Првото и се чини најважно прашање беше за пандемијата и тоа како претседаелот се справи со ширењето на вирусот во САД.
Иако земјата стана една од најпогодените во светот, како и претходно Трамп го впери прстот кон Кина за „испуштање” на коронавирост на глобално ниво, но и дака ја затворил границата за летови од Кина во јануари, a демократите тоа го нарекле „ксенофобија”.
Бајден, демократски кандидат, и претседаелот, републиканец немаа големи разлики во тоа што треба да се прави во иднина за победа над вирусот – Трамп истакна дека земјата „гради илјадници апарати за белодробна вентилација, многу заштитни очила, маски и ракавици и ги испорачуваме низ целиот свет”. Тој е против затварање на школите и бизнисите што ќе ја оштети економијата.
-Во Флорида имаше изблик (на вирусот) помина, во Аризона имаше изблик, во Тексас имаше изблик, поминаа… Њујорк не се справи имаа над триесет илјади мртви”.
Бајден истакна дека ако победи, ќе воведе обврзно носење маски низ целета земја.
За меѓународната политика се зборуваше при отварање на други прашања. Така на пример, зборувајќи за вмешанота на Русија во американските избори, Бајден го обвини Трамп во ракување со непотврдени информации од Русија.
-Неговиот пријател Руди Џулијани е како руски заложник. Му предале информација, што Русите (ја дале)… а која не е вистинита, протестираше Бајден, додавајќи дека советникот за национална безбедност наводно го предупредил Трамп за опасните врски на Џулијани со Русија. Во одговар на ова, Трамп укажа дека тој е голем противник на Русија, бидејќи на Украина испорачал таква помош како (механизирани возила и тенкови) „џавелини”.
-Во однос на Русија, никој не беше пожесток отколку јас. Почнувајќи со санкции, додека тој (Бајден за време претседателствувањето на Обама) продавал (поставувал) перници и ќебиња, јас продавав на Украина противтенковско оружје, изјави Трамп.
На дебатата се зборуваше и за односите на САД со Северна Кореја, вклучително и за неколкуте средби на Трамп со лидерот на Северна Кореја, Ким јонг Ун, иако претходно такви средби се чинеа неприфатливи за еден американски лидер. Трамп изјави дека овие средби биле за да се избегне војна.
-Сега (со Северна Кореја) имаме многу добри односи и нема војна, прецизираше тој.
Бајден на ова критикуваше дека со овие средби „тој ја легитимираше С. Кореја. Криминалецот и убиецот тој го нарече добар другар… како резултат, тие направија ракети способни да достигнат до територијата на САД многу полесно од порано, истакна демократскиот кандидат. -Тоа е исто како да зборуваш со Хитлер пред неговите напади на другите делови на Европа.
Други теми на дебатат беа пристапот до здравствени услуги, социјалната нееднаквост, имиграцијата, расизмот, како и за пакетот мерки за малите бизниси и загрозените слоеви и оние со мали плати поради кризата со коронавирусот.