Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на општина Чаир изречени се вкупно 207 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 23 лица, 24 технички неисправни и нерегистрирани возила, неносење заштитна маска 31… Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.