Владина делегација на Република Косово предводена од премиерот Авдулах Хоти денеска престојува во официјална посета на земјава.
Хоти во Скопје ќе има тет-а-тет средба со премиерот Зоран Заев по што ќе имаат официјална средба заедно со делегациите на двете земји и заедничка прес-конференција.
Косовскиот премиер ќе биде примен и од претседателот на Собранието Талат Џафери.