Раководството на најсилната кошаркарска лига во светот – НБА, ќе се состане оваа недела за да разговара за почетокот на сезоната 2020/21, објави „ЕСПН”.
Комесарот на лигата Адам Силвер призна дека започнувањето на шампионатот со навивачи на трибините веќе не е приоритет, бидејќи може целосно да го смени распоредот за следните сезони.
Се разгледува варијанта на скратено првенство кое започнува на 25 декември. Лигата ја зема сезоната 2011/12 како примерен модел, кој, поради локаутот, започна на католички Божик и заврши на крајот на јуни.