– Перуанскиот премиер Валтер Мартос изјави денеска дека земјата нема да потпише договор за купување на вакцината на Астро Зенека ПЛЦ за коронавирус затоа што не обезбедила податоци за самата вакцина
Тој рече дека владата побарала податоци за вакцината, но дека тие не ги добиле информациите, за разлика од другите лаборатории каде што се развиваат вакцините.
Мартос додаде дека е можен втор бран на Ковид-19 во земјата и покрај забавувањето на ширењето на вирусот. АстраЗенека планираше да спроведе истражување за вакцината во Перу, а Бразил соопшти дека еден волонтер починал по клиничкото испитување на вакцината на компанијата.