Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Стефан Васев
Да не беа трагични реакциите на СДСМ ќе предизвикаа вистинска смеа, затоа што СДСМ по 4 години мафијашење со државата вели дека ВМРО-ДПМНЕ бранело криминал.
Таков лопов и мафијаш како Зоран Заев кој патем неколку пати формално и неформално е аболиран за криминал нема ниту една европска држава ниту пошироко во светот. И кога СДСМ говори за бранење на криминалот ги повикуваме да одговорат зошто нема разрешница за следните криминални случаи:
-За вистинската глава на откоподот во рекет каде парите по исказот на Јовановски завршиле во Струмица кај Заеви, за купчето пари и поткупот на Ден Дончев, за панамските пари на Заев и Дака за касарната во Тетово и бизнисот со 2000 станови, за тоа како Еленица на Заев добива лиценци за руда од Зоран Заев, за тендерите во здравството и хациендата на Филипче, за магарињата на Лидија Димова, за непотизмот на семејството Маричиќ, за плантажите на марихуана на Заеви.
Нема извештај од релевантен фактор каде не се говори дека Заев и неговата влада се најкриминалните во Европа.
Државата последните неколку години е означена како хибриден режим, во која владеат криминалот и корупцијата.
Нема развој додека мафијата е на власт. Нема иднина додека Заев раководи со државата.