Во период на есенски бран од коронавирусот потребна е максимална одговорност и посветеност на секој поединец во спречување на ширењето на заразата.
Согласно новите мерки, работното време на сите угостителски објекти е ограничено до 23 часот, освен на тие што вршат испорака, а воведено е и ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50%.
Владата предводена од СДСМ ја прифати и препораката на Комисијата, државната и јавната администрација, општините и судовите да работа во смени, онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации.
Владата предводена од СДСМ ги усвои и мерките со кои се предвидува носење маски на отворено, ограничување на групирање по 22 часот, како и ограничување на семејните собири. Овие мерки се проследени до Собранието кое треба да ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.
Но во време кога се соочуваме со нов бран на коронавирусот, кога и кај нас,но и во регионот и во европските земји бројот на заразени секојдневно расте, ВМРО-ДПМНЕ повторно прави се за да ги одолговлекува мерките важни за справување со пандемијата.
Нивните обиди за деструкција и блокирање на законските измени е смислен и тенденциозен обид за дневно политички поени, со што директно се загрозува јавното здравје. Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, повторно докажуваат дека последно за што се грижат е здравјето на граѓаните.
Нема време за одложување. Ситуацијата со коронавирусот е сериозна и потребно е брзо делување, конструктивност и соработка.
Здравјето на граѓаните е пред се. Законските измени мора да бидат донесени, мерките и задолженијата мора да бидат почитувани од сите. Само на тој начин ќе го заштитиме јавното здравје и побрзо ќе ја надминеме заканата од коронавирусот.