Хабиб Нурмагомедов предмалку во Абу Даби во главната борба на вечерта во УФЦ 254, во лесна категорија славеше триумф против Американецот Џастин Гетџи и со тоа остана непоразен со скор 29-0-0.
Првата рунда помина во иницијатива на Дагестанецот кој тргна фуриозно против Гетџи кој пак се обидуваше да нападне со лоу кикови. На 40 секунди пред крајот на рундата Хабиб го турна на партер, ама нема доволно време да го докрајчи противникот.
Во втората рунда продолжи „бомбардирањето“ на Американецот, борбата се префрли на партерот, крв од носот на Гетџи, Хабиб силно го притиска околу вратот и по само 1 минута – мечот е завршен.
Дагестанецот нема пораз во оваа категорија, додека Гетџи го доживеа вториот неуспех по 24 борби.
Хабиб изненадувачки најави дека ова е крај на неговата кариера.
Respect. #UFC254 pic.twitter.com/pgS1YhI2CF
— UFC (@ufc) October 24, 2020