Со големо жалење ја примив тажната вест дека мојот долгогодишен и драг колега Амди Бајрам го напуштил овој свет. Дозволете од свое лично име и од името на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија да изразам длабоко сочувство за оваа голема загуба, наведе претседателот на Собранието Талат Џафери.
Претседателот на Собранието посочи дека Бајрам како долгогодишен пратеник и претставник на ромската заедница во Република Северна Македонија учествувал во носењето на голем број значајни и стратешки одлуки за земјата.
– Тој беше достоен претставник на својата етничка заедница и направи голем број на работи за нивното општествено напредување. Со својата реторика и позитивен дух се истакнуваше од сите колеги пратеници и ќе остане секогаш запаметен. Моето сочувство оди и до семејството на нашиот поранешен колега Амди Бајрам сигурен дека тагата за вашата голема загуба е неизмерна, наведе Џафери.