Tестот на корона вирус што посмртно му беше направен на Амди Бајрам е позитивен, потврдија од болницата Жан Митрев за Фокус.
Иако резултатот покажал дека Бајрам бил заразен, неговата фамилија,засега планира да прави голем погреб со сите церемонии.
Политичарот пред неколку дена беше актуелен во јавноста поради свадбата која ја направи за внуката Перјан, истата се одржа на брод во Турција на 18 октомври а на неа присуствуваа голем број на гости од Македонија но и од Турција. Неодамна, Бајрам изјави дека изминатиов период за него е многу тежок со оглед на тоа дека му била извршена ампутација на едната нога.
„Имав ампутација на едната нога, ама ќе ставам протеза. Во политиката мислам дека ќе се вратам. Сега ми треба малку време да закрепнам, но ќе се вратам, кратко изјави Амди Бајрам во април годинава.
-Тој имаше комплексна здравствена состојба, со хронични болести. Предмалу дознав и навистина немам информација дали е земен ковид тест, одговори министерот за здравство Венко Филипче на прашањето дали на Бајрам посмртно му е направен ковид тест, кусо по веста за смртта попладнево на прес-конференцијата во Струмица.