Луис Хамилтон ја освои својата 9-та пол позиција во сезоната, откако го совлада својот тимски колега од Мерцедес, Валтери Ботас, во тешката битка на патеката во Портимао.
Така, тој ќе започне од првата позиција на претстојната многу интересна трка за ГП на Португалија.
Во Q3, Валтери имаше мала предност пред Луис во првите брзи кругови. Предноста беше само 0,047. За решавачките рунди и двајцата ставија медиум гуми, кои очигледно беа најбрзите, а Луис излезе на врвот. Потоа Ботас го престигна, но Хамилтон во последен момент „скина” уште една десетина од неговото време и со тоа ја зграпчи првата позиција.
Макс Верстапен даде трето време, додека Шарл Леклер повторно беше фантастичен за Ферари, стигнувајќи до 4-тото место.
Од третиот ред ќе стартуваат Серхио Перез со Расинг Поинт и Алекс Албан со другиот Ред Бул.
Трката е утре од 15:10 часот.