На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Фокус доби потврда од болницата Жан Митрев, каде веќе бил донесен починат.
Бајрам имаше проблеми со срцето, а посмртно ќе му биде направен и тест за Ковид 19, за што му е земен брис.
Од неговата партија Сојуз на Ромите од Македонија (СРМ) за Канал 5 велат дека тој на 64 годишна возраст починал во клиниката Филип II поради проблеми со срцето.
Внуката на Амди Бајрам минатиот викенд стапи во брак со својот избраник Мектедир. Поради неможноста да се прават свадвени веселби во нашата држава, Амди се реши истата да ја организира во Истанбул.