Утре, 25.10.2020 година (недела), со почеток во 13:00 часот, СДСМ ќе одржи 25. Конгрес, коj за прв пат во земјава ќе биде дигитален, користејќи современи дигитални платформи и алатки.
Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електорнска платформа Зум (ZOOM), заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници и со целосно почитување на мерките и препораките за зашитита од Ковид 19.
Конгресот ќе го отвори ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Конгресот ќе има отворен и работен дел со соодветен пренос во живо и можности за медиумите да преземат видео материјал со висока резолуција.