Со Амди Бајрам, како долгодишен претседател на Сојузот на Ромите од Македонија и пратеник, имавме принципиелна соработка за многу важни процеси од значење на државата и за заедницата на Ромите во нашата земја, вели премиерот Зоран Заев по повод смртта на експратеникот и долгогодишен политичар.
„Со големо жалење ја примив тажната вест за смртта на Амди Бајрам. Во мое име, и во име на Владата на Република Северна Македонија, упатувам изрази на длабоко сочувство за оваа голема загуба. Со Амди Бајрам, како долгодишен претседател на Сојузот на Ромите од Македонија и пратеник, имавме принципиелна соработка за многу важни процеси од значење на државата и за заедницата на Ромите во нашата земја. Во овие денови на длабока жалост, се надевам дека зборовите на искрено сочувство ќе бидат утеха за големата загуба за неговото семејство и пријателите“, напиша Заев на социјалните мрежи.