Роналд Куман ќе го памети првото „Ел Класико“ како стратег на Барселона по лошо, затоа што Реал Мадрид си замина со победа (1-3) од Каталонија. По дуелот, Холанѓанецот не беше задоволен од ВАР-одлуката по која пристигна пеналот за Реал Мадрид и истакна дека не ги разбира селективните одлуки на средбите.
-Пеналот беше неразбирлив, не ја разбирам воопшто одлуката на судијата. Не беше пенал, ВАР секогаш е против Барселона. Технологијата може да биде добра алатка ако се користи правилно. Ако некој ти го влече дресот напред, треба да паднеш напред, а не назад. Немавме ниту една ВАР-одлука во наша корист на натпреварите. Има многу примери, како што е пеналот над Меси против Севиља, црвените картони со Хетафе, овие полемики со Реал Мадрид… такви работи секогаш се случуваат во шеснаесетникот. Што се однесува до мечот, нашиот план беше да имаме контрола на играта. Ја променивме позицијата на Лионел Меси за Ансу Фати да има повеќе простор и да ја користи својата брзина. И воедно да имаме играчи кои може добро да ја контролираат топката крај линиите. Ако ги земеме нормалните случувања на терен, ние одигравме доста добар меч. Иако загубивме две средби, не треба да се тревожиме. Рано е, имаме уште време за резултати оваа сезона, изјави Куман.
Барселона веќе три натпревари во низа нема победа во Примера. Покрај од Реал Мадрид, тимот загуби од Хетафе, а претходно на домашен терен ремизира со Севиља (1-1). Следен меч ќе биде на гости кај Алавес.