Најдобриот борец во УФЦ конкуренцијата, Русинот од Дагестан, Хабиб Нурмагомедов по вечерашната победа над Џастин Гејџи објави крај на кариерата.
– Бог ми даде се, ви благодарам на се. Татко ми беше покрај мене цел живот и нема шанси да се вратам овде без него.Кога ме контактираше УФЦ за борбата со Гетчи, мајка ми не сакаше да се борам без мојот татко покрај кафезот. Три дена разговарав со неа и ѝ ветив дека ова ќе биде моја последна борба. Сега морам да си го исполнам ветувањето и затоа ова е моја последна борба, рече шампионот по победата.
Инаку, ова е прва борба во неговата кариера, а до него да не е татко му Абдулманап Нурмагомедов, кој почина неодамна откако му беше извршена операција на срцето. Абдулманап беше еден од најголемите тренери во боречки вештини во светот.
"This was my last fight. No way I can come here without my father. … I promise it will be my last fight. If I give my word, I have to follow this."
Khabib Nurmagomedov announces retirement after defending lightweight title at #UFC254
(via @ufc)pic.twitter.com/OYBSBMHrYl
— Bleacher Report (@BleacherReport) October 24, 2020