За три години ги подобривме условите за работа на полициските службеници во над 40 објекти во секторите за внатрешни работи низ државата – продолжуваме и во ОВР Гевгелија, ОВР Кавадарци и ОВР Крива Паланка, напиша на Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
https://www.facebook.com/o.spasovski/photos/a.261906130653684/1747493088761640/?type=3
-И во претходниот мандат, но и сега фокусирани сме на решавање на фундаменталните проблеми, како приоритет за натамошното функционирање на полицијата, со цел да обезбедиме одржливи решенија што ќе резултираат со поголема мотивираност и подобри услови за работа на вработените во службата, вели Спасовски.