Амди Бајрам два дена пред да почине бил на дијализа, имал негативен тест за Ковид

Габриел Бајрам, син на починатиот пратеник Амди Бајрам во телефонски разговор за ,,Фокус”, раскажа што вчера се случува во нивниот дом, но се наврати и на последните денови на неговиот татко.

-Татко ми беше дијабетичар цели 20 години. Исто така одеше на дијализа, имаше повеќе здравствени проблеми. Два дена пред да почине, беше на дијализа, според процедурата, тогаш му беше направен корона вирус тест, а резултатот беше негативен.

Според него, дента пред да почине, се било во ред, никој не можешел да претпостави што ги чека.

-Но, вчера околу 11 часот, мајка ми сакала да го разбуди, кога забележала дека устата му е помодрена, а тој бил во несвесна состојба. Поради дијабетесот со кој се бори долг период, сме имале слични случки, таа веднаш му измери шеќер, бројките покажаа 1,2. Повикавме брза помош, дојдоа, и заминавме право во клиниката на д-р Жан Митрев. По патот тој беше свесен. Кога стигнавме во болницата, чекавме околу десет минути пред вратата на Ургентното одделение, тогаш татко ми почина на носилката, пред влезот, изјави Габриел Бајрам.

Целиот текст прочитајте го тука.

 

Треба да знаете
Последни објави