Поранешниот разузнувал Зоран Верушевски е најплатениот советник на премиерот Зоран Заев, објави „Фактор“.
Кај вработените убедливо најплатен е поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој како советник за национална безбедност добива 74.618 денари. Останатите добиваат 55.268 денари. Засега на листата има само 23 вработени со објавени плати, иако на таа има десетици советници.
Кај надворешните соработници се формира нова листа, откако на претходните им истече договорот во 2019 и 2020.
Засега има само четворица, а најплатена е Нина Фити-Неделковска, инаку ќерка на професорот и академик Таки Фити, со 50.000 денари нето приход.