Италијанските здравствени власти во неделата потврдија нови 21.273 лица кои биле тестирани позитивни на Ковид-19 во последните 24 часа, што е најголем број регистрирани дневни инфекции од почетокот на пандемијата. Во земјата, моментално, вкупниот број на случаи кои се заразиле со корона изнесува 525.782 лица.
Бројот на смртни случаи предизвикани од вирусот се зголеми за 128 од вчерашната бројка и достигна 37.338 лица. Во меѓувреме, од почетокот на епидемијата, вкупно 264.117 италијански граѓани закрепнале од болеста.
Претходно денес, италијанскиот премиер Џузепе Конте потпиша декрет за воведување на построги мерки за ограничување кои ќе останат на сила барем до 24 ноември, откако имаше нов скок на случаи на коронавируси низ целата земја.